Беспилотно летало со знак за радијација предизвика паника во јапонската влада

22.04.2015 14:08

Специјалните екипи веднаш направиле увид, при што е констатирана мало количество радиоактивен материјал, кој не може да му наштети на здравјето...

Паника во кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе, откако беспилотно летало со ознака за радиоактивен материјал, слетало на Владината зграда.

Специјалните екипи веднаш направиле увид, при што е констатирана мало количество радиоактивен материјал, кој не може да му наштети на здравјето.

На дронот биле поставени мала камера и шише со вода. Јапонскиот премиер денеска е во посета на Индонезија.