2014 -година на изградба на патната и железничката мрежа
Вкупната инвестициска вредност на трите автопати што ќе се градат годинава во земјава надминува 790 милиони евра и треба да овозможат дополнително раздвижување во градежниот сектор. Веќе се реализирани 29% од планираните градежни активности на делницата Демир Капија – Смоквица, која целосно треба да биде завршена во 2016 година. Продолжува санацијата на 13 моста на Коридорот 10, а се чека изборот на изведувач за обновување на автопатот Велес- Катланово. Сериозни се инвестициите и во железничкиот сообраќај. Во фокус е пругата кон Бугарија.

,,Во првиот квартал од оваа година ќе почнат градежните работи на првата делница од Куманово до Бељаковце , за која се обезбедени потребните 46,4 милиони евра,а за втората е во тек проектирањето ”- најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во тек е набавка на 150 товарни вагони, како и на 6 патнички гарнитури вредни 50 милиони евра. Идентичен износ се инвестира и во нови водоводни и канализациони системи. Во три града се градат 119 станови за социјално ранливи семејства. Истовремено, лицата што живеат во станови наменети за категоријата ,,со ниски примања” ќе можат да ги откупат со учество од 30% и отплата на 240 месечни рати.
Услов е корисниците да имаат најмалку 5 години период на закупување, а цената во зависност од градот и од локацијата ќе се движи од 400 до 700 евра за квадрат.
Новинар: Свето Николовски
Снимател: Војо Самандов