Лавров: Непријателот на Русија е ИДИЛ, а не САД
22.04.2015 17:31
Сергеј Лавров изјави дека најголемиот непријател на Русија во моментот е Исламската Држава, одговарајќи на прашањето кој претставува најголема опасност за земјата, Кина, САД или НАТО...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека најголемиот непријател на Русија во моментот е Исламската Држава, одговарајќи на прашањето кој претставува најголема опасност за земјата, Кина, САД или НАТО.
Меѓудругото, истакна дека несогласувањата помеѓу Русија и САД се меѓудржавни проблеми и дека треба да се решат преку преговори.
Во однос на релациите со Западот, додаде дека Москва решително ги отфрла обвинувањата дека им пружа помош на проруските бунтовници.
