Пелистер и натаму тоне
Градското надигрување беше со две различни полувремиња:првото, ефикасно со четири постигнати гола, второто со надмоќност на Работнички, но без резултатски ефект.

Се одиграа четири натпревари од 26-то коло на фудбалското првенство на Македонија. Работнички и Металург одиграа нерешено 2:2. Градското надигрување беше со две различни полувремиња:првото, ефикасно со четири постигнати гола, второто со надмоќност на Работнички, но без резултатски ефект.Силекс го порази Пелистер со 1:0, продолжувајќи го тонењето на Битолчани. Тетекс и Брегалница одиграа нерешено 0:0, а по еден бод освоија и Ренова и Хоризонт по идентичните 1:1.
Прва лига: 26 коло
Работнички-Металург 2:2
Силекс-Пелистер 1:0
Тетекс-Брегалница 0:0
Ренова-Хоризонт 1:1
Шкендија-Вардар одложено
Табела:
1.Вардар 58 (-1)
2.Работнички 55
3.Ренова 43
4.Шкендија 41 (-1)
5.Силекс 34
6.Металург 32
7.Хоризонт 30
8.Брегалница 27
9.Пелистер 22
10.Тетекс 10
