Цедевита ја доби мајсторката
Пресудија физичката подготвеност и искуството, затоа што на двете екипи не може да им се замери за борбеноста – во последниот меч во полуфиналната АБА серија, двете екипи демонстрираа надчовечка желба за место меѓу елитата следната натпреварувачка година и битка за трофејот, во можеби последната АБА сезона...

Цедевита е во Евролига, ќе игра финале против Звезда. Морача е освоена во третиот обид (66:70), падна Будуќност на најсериосниот испит сезонава. Пресудија физичката подготвеност и искуството, затоа што на двете екипи не може да им се замери за борбеноста – во последниот меч во полуфиналната АБА серија, двете екипи демонстрираа надчовечка желба за место меѓу елитата следната натпреварувачка година и битка за трофејот, во можеби последната АБА сезона.
Билан постигна 16 поени и го потврди епитетот најдобар стрелец на Цедевита сезонава, Бабиќ постигна 11 колку што имаше и Томас, а Пилепиќ имаше 9, но со последните две погодени слободни го реши победникот. Токму слободните фрлања беа пресудни на овој меч, гостинот промаши само 2 во 25 обиди. Иако будуќност имаше 12 офанзивни скокови, во клучните моменти шутираше безглаво, особено во обидот за 3, со реализација 6/26.
Финалната серија почнува викендов, в сабота и в недела, од 21 часот, на Собраниски ќе ги гледаме Црвена Звезда и Цедевита.
