Традиции за Стара Нова

13.01.2014 17:32

Рестораните полни...

Рестораните полни, резервирано се до последно место. вечерва повторно ќе се слави. Менито исто како за Нова година, но цените се различни.

„ За разлика од нова година, понудата е поевтина. 850 денари чини менито со јадење и неограничено пиење. моментално е се зафатено, исто беше и за нова година и денеска за стара нова година“ вели Дејан Карапеев.

Граѓаните се подготвуваат за славење, секој според својот џебот,  некои старата нова година ќе ја поминат во домашен амбиент. но пазарите празни. Пазарџиите велат дека нивните тезги купувачите ги замениле со маркетите. овој период од годината е одбележан со многу адети што се провлекуваат од дамнина. Иако во минатото имало многу повеќе обреди, сепак дел од нив уште се негуваат. Етнолозите велат дека сегашните обреди имаат повеќе забавен карактер.

„ Најкарактеристичен елемент во сите овие празнувања се зимските машки обредни дружини со маски. Во различни краишта, различно се нарекуваат, бабари, ешкари, во Егејскиот дел на Македонија џаламари, џоломари, мечкари малку подоцна во Прилеп“ вели Љупчо Ристески.  

Со векови наназад новогодишната елка е незаменлив декор во сечиј дом во текот на овие празници. уште денеска ќе се радуваме на накитената елка и новогодишните украси. На 14 јануари според традицијата се раскитува домот, со што завршува и празничната еуфорија.

Ана Јосифоска