Самит на ЕУ за проблемите со илегалните имигранти

23.04.2015 09:16

Неопходни се системски напори за да се идентификуваат, запленат и уништат бродовите пред да бидат користени за трговија со луѓе, се вели во нацрт декларација на вонредната средба на врвот...

Лидерите во Европската унија денеска во Брисел треба да усвојат итни и темелни мерки за спречување на масовниот прилив на илегални имигранти така што, освен со спасување, ќе разбијат и мрежи на организиран криминал.

Неопходни се системски напори за да се идентификуваат, запленат и уништат бродовите пред да бидат користени за трговија со луѓе, се вели во нацрт декларација на вонредната средба на врвот.

Планот предвидува удвојување - од три на шест милиони евра на месечниот буџет на граничната служба на Еу - Фронтекс, за спасувачките мисии Тритон во водите на Италија и Посејдон, во водите на Грција.

Ќе биде разгледан и предлогот државите членки да прифатат по најмалку 5.000 луѓе кои добиле азил и да се покаже солидарност со најпогодените држави од бегалскиот бран.