СЗО: Во изминатиот месец 1.080 жртви во Јемен

23.04.2015 12:13

Саудискиот амбасадор во Вашингтон изјави дека и покрај тоа што Саудиска Арабија објави крај на воздушната кампања во Јемен, ќе одговори во случај на агресивни акции од страна на Хутите...

Светската здравствена организација соопшти дека меѓу 19 март и 21 април вкупно 1.080 луѓе загинале во Јемен кадешто коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши нови воздушни удари врз бунтовниците Хути.

Саудискиот амбасадор во Вашингтон изјави дека и покрај тоа што Саудиска Арабија објави крај на воздушната кампања во Јемен, ќе одговори во случај на агресивни акции од страна на Хутите.

Шиитските бунтовници претходно побараа конечен прекин на бомбардирањата и почнување преговори со силите лојални на претседателот Абд Рабу Мансур Хади под покровителство на ОН.