Kоцкa и паричка за среќа
Коцкање и паричка за среќа. Вечна е потрагата, големо е верувањето, уште повеќе потребата да се приграби среќата.. Василичарските традиции со длабоки корени.
-Тоа ни е традиција. Ќе фрламе коцка до раните часови.
- Верувам, на кого ќе ни падне паричката, си ја ставам пред икона. Имав среќа, се оперирав успешно.

За црквата нема ништо спорно со бадниковата или василичарската паричка. Не е догма туку обичај.
-Можеби е најдобро двапати да се прави, да нема расправија, вели владиката Петар.
За психолозите, ако не е патолошко, коцкањето за среќа е секаде прифатливо.
-Некои го сметаат како забава, некои како традиција, но има луѓе кои се чувствуваат понемоќни и се базираат на надворешните природни сили да им донесат среќа, вели клиничкиот психолог Јован Велески.Ноќта спроти Василица со посебна магија и длабоко верување .
-Небото е отворено. Исполнува желби и тогаш треба да се избере ритуалниот крал кој треба три дена да царува. Луѓето се одбирале со житно зрно кое се ставало во леб. Кој ќе го најде – се смета за посебно среќен. Тоа има преминато и на коцкањето, вели етнологот Александар Цветкоски. Од среќата не се бега.
Потрагата по среќата е вечна, василичарската е интензивна, посебно сите овие денови. Велат, до 19 јануари небото е отворено за желби. Никогаш не се знае.
Новинар: Елизабета Митреска
Снимател: Илчо Димески.