Паника во Чиле поради ерупција на вулкан
23.04.2015 12:16
Властите прогласиле вонредна состојба во загрозената зона и наредиле евакуација на жителите во радиус од 10 километри...

На југот од Чиле проработел вулканот Калбуко исфрлајќи пепел и чад во висина од неколку километри.
Поради тоа властите прогласиле вонредна состојба во загрозената зона и наредиле евакуација на жителите во радиус од 10 километри околу вулканот.
Според медиумите најзагрозен бил пристанишниот град Пуерто Монт.
