Протест во Балтирмор поради смртта на афроамериканец во притвор

23.04.2015 13:55

Три лица биле уапсени, иако протестот во главно минал мирно. Демонстрантите барале одговори за тоа што се случило за време на апсењето како и одговорност од полицијата...

Стотици луѓе излегоа на улиците на Балтимор барајќи одговори во врска со смртта на афроамериканецот Фреди Греј кој се здобил со повреда на рбетот додека бил во полициски притвор. Три лица биле уапсени, иако протестот во главно минал мирно. Демонстрантите барале одговори за тоа што се случило за време на апсењето како и одговорност од полицијата.

„Сакаме да им дадеме до знаење дека нема да престанаме се додека не добиеме правда и мир... Животот на Фреди значеше нешто. Тој беше нечиј син. Вие не уништивте само едно семејство, уништивте цела заедница.“, велат граѓаните кои протестираа.

Полицијата го уапси 25-годишниот Греј на 12 април откако почнал да бега кога видел полиција во област позната по трговија со дрога.