Чиле: Евакуирани 1.500 луѓе поради ерупција на вулкан
Првата ерупција била забележана вчера, а другата изутрината поради што е прогласена вонредна состојба во областа на 20 километри околу вулканот...

Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани на југот на Чиле откако по 43 години мирување еруптираше вулканот Калбуко. Првата ерупција била забележана вчера, а другата изутрината поради што е прогласена вонредна состојба во областа на 20 километри околу вулканот. Калбуко се наоѓа во областа Лос Лагос, каде што е и популарната туристичка дестинација Пуерто Варас.
„Беше навистина импресивно да се види огромниот облак во вид на печурка како со сета сила излетува од вулканот. Во тој момент имаше многу паника, сообраќаен метеж, хаос. Луѓето бегаа, бараа вода, некои се обидуваа да извадат пари од банкоматите“, сведочат жителите.
Чиле го има вториот најголем ланец вулкани во светот по Индонезија.
