УЕФА Европа лига

Зенит го напаѓа бранителот на трофејот

23.04.2015 14:27

Со повратниците во тимот рускиот вицепрвак со големи амбиции влегува во пресметката во која најавуваат напаѓачки фудбал против шпанскиот адут кој е без пораз на 12 дуели вклучувајќи го и пресвртот пред една недела на „Санчез Пизхуан“ стадионот...

Зенит посилен за четирите стандардни првотимци кои отсуствуваа во првиот меч, ќе ја напаѓаат предноста на Севиља од 2-1. Пред седум дена екипата на Андре Виљаш Боаш и без Хулк, Дани, Кришито, Анјуков и Смољников, успеа да постигне само водечки гол кој им дава реални шанси во реваншот против бранителот  на тронот за пробив во полуфиналето од УЕФА Лига Европа.

Со повратниците во тимот рускиот вицепрвак со големи амбиции влегува во пресметката во која најавуваат напаѓачки фудбал против шпанскиот адут кој е без пораз на 12 дуели вклучувајќи го и пресвртот пред една недела на „Санчез Пизхуан“ стадионот.

Севиља игра со исти емоции, креација и мотивација во сите конкуренции и постојано цели кон трофеи. Тоа најдобро го докажува и оваа сезона и минатата, но и во последната деценија во која три пати го подигнуваше пехарот во оваа конкуренција.

Во првиот двобој баскискиот предводник на шпанскиот адут, Унаи Емери почна со шарен состав кој го загуби првиот дел, па во продолжението се коригираше и со стандардните Суарез, Мбија и Бака успеа да обезбеди минимална предност што ќе се обиде да ја одбрани вечерва. И тој нема поголеми проблими со составот кој победува на последните две европски гостувања со по три гола во мрежите на противниците.

Зенит пак дома триумфално ги завршува последните три европски натпревари без примен гол, но има само две победи над шпански екипи во 15-те пресметки и е без славје на осумте последни. Ова е шести меѓусебен двобој во Европа, 2-1 е во победи за шпанската екипа која го доби четвртфиналето пред девет години со вкупен резултат 5-2.

Реванш четвртфиналниот дуел од Уефа ЛЕ, Зенит – Севиља гледајте го на МТВ1 од 21 часот.