Светот се прости од Ариел Шарон

13.01.2014 17:47

Поранешниот  израелски  премиер Арион Шарон со воени почести беше погребан на својот имот  „Јавор“  во пустината Негев, покрај сопругата Лили. Од  него се простија синовите Гилад и Омри. Претходно на комеморацијата во Ерусалим светските политичари му одадоа почит.

-  Државата за која се бореше од 14-та година мораше да биде заштитена. Кога тоа значеше борба, тој се бореше, кога стануваше збор за мир, Шарон се залагаше за  мир, рече поранешниот британски прмиер Тони Блер.

 Американскиот потпретседател Џозеф Бајден пред присутните на комеморацијата  потсети дека ѕвездата му била водилка на Шарон во преживувањето на државата  Израел и на еврејскиот народ.

 -Ќе потсетам на неговите зборови дека тој пред се е Евреин и дека во мислите секогаш на прво место била иднината на државата, рече Бајден.

 -Формирањето на Израел зависеше од генерацијата на храбри борци. Ариел Шарон имаше централна улога во повторната изградба на државата  застапувајќи го правото  Израелците  сами да се бранат и безбедно да живеат  изјави на комеморацијата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

За Палестинците, пак, смртта на Шарон претствува историски момент, упатувајќи критики дека неговата смрт значи и крај на еден злосторник на чии раце има палестинска крв. Остри критики упати и Хјуман Рајтс Воч жалејќи што поранешниот премиер нема да одговара за злосторствата во бегалските кампови Сабра и Сатила, како и за други случаи на кршење на човековите права. Ариел Шарон почина пред два дена, по осум години кома

Мирјана Василева