Порошенко најави референдум за приклучување кон НАТО

23.04.2015 15:54

Француските медиуми пренесуваат дека Порошенко верува дека ќе организира референдум во својата земја...

Украинскиот претседател Петро Порошенко најавил дека Укаринците на референдум би требало да решат дали ќе пристапан кон НАТО.

„Мислам дека народот на Украина е тој што ќе реши дали треба да се приклучиме кон НАТО или не, зашто тоа е фундаментално прашање како што е прашањето за одбраната и за безбедноста“, рекол Порошенко во средата при службената посета на Франција.

​Француските медиуми пренесуваат дека Порошенко верува дека ќе организира референдум во својата земја зашто неговиот народ има право да гласа за тоа прашање.