Лидерите на ЕУ бараат решенија за миграциската криза

23.04.2015 16:38

На итен самит во Брисел, лидерите на земјите – членки од Европската унија бараат решенија за миграциската криза преку Медитеранот. По серијата трагедии на Средоземното море, особено по последната во која животот го загубија 800 бегалци, Европа ќе се крои нов пакет – мерки...

Итни и конкретни мерки за спречување на масовниот наплив на илегални имигранти на европското копно е темата на која европските лидери разговараат на денешниот специјален самит, итно закажан поради трагедијата од невидени размери која се случи изминативе денови на Медитеранот. Од 800- тини бегалци, спасувачките служби успееа да спасат 27, со што бројка на жртвите за ова година се искачи на 1. 750.

„Не можеме да прифатиме стотици луѓе да умираат во обид да го преминат Медитеранот и стигбнат во Европа. Јас не очекувам брзи решенија за овој проблем – бидејќи таков не постои. Да постоеше ќе го користевме одамна. Нојас очекувам дека Комисијата и европската служба за надворешна акција да ги претстават можностите за итна акција“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Треба да преземеме акција веднаш, и ќе го направиме тоа. Нашиот одговор е јасен и единствен. Европа им објави војна на трговците со луѓе. Претседателите и премиерите ќе се состанат попладнево и се надевам дека ќе се договорат за заедничка финансиска, материјална и човечка поддршка“, изјави Димитрис Аврамопулос, еврокомесар за миграции.

Сеуште неофицијално, на денешниот самит ќе биде прифатен предлогот во знак на солидарност, државите членки на Унијата да прифатат најмалку 5.000 бегалци кои добиле  азил, додека околу 150.000 имигранти да бидат вратени назад врз основа на европските прописи на нерегуларн престој и илегално влегување на европската територија. Една од мерките, пак, потив трговците со луѓе ќе биде уништување на сите бродови, пред во нив да се качат имигрантите.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ