Загадениот воздух ја наполни клиниката за белодробни заболувања

13.01.2014 17:59

Маглата се врати , а со неa и смогот и отровните честички  . Измешан со грипот тој може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите . На Клиниката за белодробни заболувања се бара место повеќе . Тешко дишат и дечињата , тие се најподложни на грипот и вирозите . Препораките се, родителите  да не ги лекуваат на своја рака.  

Течности , витамини колку што може повеќе и да бидат под контрола на лекар  за да се одреди точно моментот   кога треба да се вклучи дополнителна терапија, вели  доктор Искра Лазаревска.

Загадувањето во Скопје стана хроничен проблем. Екологистите коренот на проблемот го гледаат во урбанизацијата и изградбата на згради.

Новите населби што се градат интензивно  не одат во таа насока , туку  во спротивна   дека градот треба да расте енормно, очекуваме и енормно да се загадува, вели екологистот Јован Мазгански

Во ваква ситуациуја останува да ги слушаме советите на лекарите. Да сеодзбегнуваат долги прошетки на отворено, а децата барем во период на грип да не одат во градинка или на училиште. 

Викторија Тодоровска