Кошарка - НБА

Атланта и Антиќ несовладливи дома

23.04.2015 18:12

Атланта и Перо Антиќ не дозволуваат Бруклин да им ја одземе предноста на домашниот терен во првото плеј - оф коло коешто се игра до четири триумфи. Хоукс поведоа со 2:0, откако славеа со 96:91. Македонскиот кошаркар одигра 13 минути и реализираше 8 поени и два скока...

Во трите синоќешни НБА натпревари, највредна  е  победата на шампионот Сан Антонио којшто направи брејк против Клиперс. Затоа пак, Атланта и Перо Антиќ не дозволуваат Бруклин да им ја одземе предноста на домашниот терен во првото плеј - оф коло коешто се игра до четири триумфи. Хоукс поведоа со 2:0, откако славеа со 96:91. Македонскиот кошаркар одигра 13 минути и реализираше 8 поени и два скока. Најефикасен кај домаќините беше Милсап со 19, а кај гостите Џек со 23 коша.

Сан Антонио израмни на 1:1 против Клиперс со триумфот по продолжението во Лос Анџелес со 111:107. На два дена пред 39-от роденден, Данкан го оствари 159-от двоен ефект во доигрувањето во кариерата со што е рекордер. Центарот на Спарс собра 11 скока и постигна 28 поени со што ја надмина бројката од 5000 коша во плеј - офот. 29-те поени, 12-те скока и 11-те асистенции на Грифин не дадоа резултат затоа што домашниот кошаркар направи и пет грешки, меѓу кои и клучната после којашто гостите извлекоа дополнителни пет минути.

На двата меча во Портланд, Мемфис ќе оди со 2:0. Во триумфот од 91:82 по 18 поени дадоа Ли и Конли. Решавачки беше третиот период којшто Гризлис го добија со 31/18.