Четвртфиналните реванши ветуваат возбудувања
Патот до финалето во Варшава и до трофејот којшто обезбедува влез меѓу најдобрите, засега изгледа најпрооден за Наполи. Причина за тоа е победата на Италијанците од 4:1 во првиот натпревар во Германија против Волфсбург...

Само двајца од четвртфиналистите можат да сметаат дека преку националните првенства ќе обезбедат учество во Лигата на шампионите следната сезона, па елитното натпреварување е еден од главните мотиви и во четвртфиналните реванши на УЕФА Европа конкуренцијата. Патот до финалето во Варшава и до трофејот којшто обезбедува влез меѓу најдобрите, засега изгледа најпрооден за Наполи. Причина за тоа е победата на Италијанците од 4:1 во првиот натпревар во Германија против Волфсбург.
Актуелниот освојувач Севилја ќе биде пред големо искупшение затоа што дома против Зенит славеше со 2:1. Преносот од Санкт Петербург ќе биде на МРТ1 во 21.05.
Предноста на Фиорентина во дуелот со Динамо е во домашниот терен во Фиренца и во нерешените 1:1 од Киев.
Днипро и Бриж пресметката во Украина ќе ја почнат од нула затоа што немаше голови на мечот во Белгија.
