Собранието на Република Македонија отворено за граѓаните
24.04.2015 08:46
Се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност...

Собранието на Република Македонија денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните.
Со тоа, како што е наведено во сопштението на собраниската прес-служба, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.
Посетителите ќе имаат можност да го посетат и свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.
