АМСМ: Патот Подвис – Пресека во прекин поради градежни работи

24.04.2015 08:17

Денеска во период од 16:00 до 17:00 часот ќе биде затворен за секаков вид сообраќај, поради изведување градежни работи на патот - минирање...

Делницата Подвис – Пресека на патниот правец А2Е, Охрид-Кичево, денеска во период од 16:00 до 17:00 часот ќе биде затворена за секаков вид сообраќај, поради изведување градежни работи на патот - минирање, соопштуваат од АМСМ. 
 
Поради појавата на свлечиште, сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола се уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.