Книгата- оружје против неписменоста

24.04.2015 11:46

Од синоќешната трибина во Битола, писателите и љубителите на пишаниот збор испратија порака до медиумите- да се издвојува поголем простор за промоција на книгата...

Уште од памтивека литературниот свет бил поделен на два дела, едни кои пишувале и други кои не читале. Но, и тогаш и денес нејзиното височество книгата е најефикасниот антибиотик против неписменоста, велат љбителите на пишаниот збор

„Книгата отсекогаш била прозорецот што го отвора светот, придонесува да осознаеш многу земји, култури и да се едуцираме на повеке јазици“, вели претседателката на Унија на жени од Битола, Анета Ангелевска.

„Без богатството што го нуди книгата не би можеле да пренесуваме на идните генерации соодветно знаење“, додава вљубеничката во пишаниот збор, Весна Деловска.

Македонските писетели велат дека според глава на жител, нашите читатели на Балканот покажуваат најголем интерс за книгата. Велат, има различни писатели по квалитетот, но дека и најслабиот успеал зад себе да остави барем едно антологиско дело. Апелират за поголема попуаризација на книгата преку медиумите, затоа што создавањето на едно квалитено книжевно дело е макотрпна работа

„Ако правиме симболика тоа е како тутунот од садење нива, па до готов произвот на пакета цигари, затоа мислам дека и печатените медиуми треба да одвојат поголем простор за популаризација на добрата книга, ако се има во предвид нејзиното значење“, вели драмскиот писател Братислав Димитров.

Димитров смета дека тоа ќе делува потикнувачки, посебно на помладите писатели и ќе го следат патот на оние кои веќе не само што оставиле големо богатсво во литературното депо, туку преку својот квалитет направилен значителен меѓународен исчекор.

 

Стевче Митревски