Во полициска акција во Куманово приведени три лица

24.04.2015 10:03

Според првичните информации, кај еден од приведените е пронајден пластичен експлозив...

Опсежна полициска акција е спроведена вчера попладне во Куманово. Приведени се три лица. Според првичните информации, кај еден од приведените е пронајден пластичен експлозив.

Неофицијално, еден од уапсените бил ветеран на некогашната Ослободителна војска на Косово.

Приведените се тројца браќа, од кои, исто така неофицијално, еден е полициски инспектор.

Во тек е истрага под сомнение за кривично дело, недозволено поседување распрскувачки материјали.