ЕУ: Да се разбие илегалната миграција

24.04.2015 11:50

Според шефовите на држави или влади на ЕУ тоа ќе биде направено со заедничко дејствување на воено-полициски и судски органи на Унијата како и со „зголемување на разузнавачката и полициска соработка со трети држави“...

Лидерите на Европската Унија на вонреден состанок договорија спречување на бранот илегални имигранти преку „разбивање на шверцерски мрежи, изведување виновници пред суд и запленување имот и уништување на бродови пред да се користат за трговија со луѓе“.

Според шефовите на држави или влади на ЕУ тоа ќе биде направено со заедничко дејствување на воено-полициски и судски органи на Унијата како и со „зголемување на разузнавачката и полициска соработка со трети држави“.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека државите од ЕУ треба да покажат „вистинска солидарност“ и да бидат подготвени да ги „жртвуваат националните интереси“.