И „Субрата“ во Вевчани

13.01.2014 18:14

Преку 10 илјади посетители од цела држава па и од странство, новинарски екипи од цела Македонија и регионот се дојдени на овој традиционален карневал надалеку познат по вевчанскиот хумор и сатира. Посетителите видно возбудени. Маските се повеќе интересни не само по нивната изработка туку и по темата која самите ја претставуваат.

-Нашата маска е Господ, слезе на земјата да види што се случува во народот тука. Едно време Диоген го бараше вистинскиот човек со фенер, а денес повторно се враќа Господ да провери дали е вистина, вика еден од василичарите.

- Јас сум од Америка, за прв пат доаѓам на карневалот во Вевчани, моите импресии се навистина одлични.

Иако маските знаат да бидат незгодни, сепак ова е карневал и треба да се свати како хумор.

- Маските како што кажав ги отсликуваат секојдневните настани, личности и ликови нешто што навистина ќе не насмее и тука не смееме да се лутиме туку тоа да го гледаме како хумор, истакна министерката за култура Канчевска Милевска.

„Субрата Рој, фискална без мака-награда во рака и лошите чудовишта“ беа само дел од дефилето на маските за најпознатиот карневал на Балканот- вевчанскиот карневал.

- Започна долгоочекуваниот карневал. Денес дефилето се случува токму тука во центарот на Вевчани. Сите овие маски кои продефилираа тука, утре ќе бидат запалени некаде околу 15 часот, затоа што за наредната година се подготвуваат нови маски.

Новинар: Јованчо Наумоски

Снимател: Сашо Кленкоски