Пентагон: Нема војска на САД на истокот на Украина
24.04.2015 12:23
Оттаму додаваат дека Русија продолжува да ги снабдува со оружје сепаратистите, отворено кршејќи ги обврските што ги презеде со потпишување на договорот од Минск...

Пентагон ги негираше тврдењата на Русија дека воени сили на САД се наоѓаат во конфликтната зона на истокот од Украина, отфрлајќи ги како „смешен обид да се привлече внимание“.
Оттаму додаваат дека Русија продолжува да ги снабдува со оружје сепаратистите, отворено кршејќи ги обврските што ги презеде со потпишување на договорот од Минск.
Руските медиуми претходно објавија дека припадници на американската војска се наоѓаат во област на судирите на истокот од земјата и дека ја обучуваат уркаинската војска.
