Чиле: Откажани летови поради вулканот
24.04.2015 12:24
Во последните 24 часа се случиле две ерупции, а вулканот и натаму не е стабилен и постои опасност од нова ерупција...

Облак од чад од вулканот Кабуко на југот од Чиле се шири кон останатиот дел од земјата и кон Аргентина што предизвика да бидат откажани летови од аеродормите во двете земји.
Во последните 24 часа се случиле две ерупции, а вулканот и натаму не е стабилен и постои опасност од нова ерупција.
Досега околу 4.500 луѓе се евакуирани од областа, и засега нема забележано ниту една човечка жртва.
