Нова суперзаштитена банкнота од 10 евра
Европската Централна Банка денеска ја претстави новата банкнота од 10 евра . Како што изјавија од Банката, ќе се продолжи со изработка на хартиените банкноти на еврото врз памучна основа.
Новата банкнота од 10 евра треба да го намали фалсификувањето, а најмногу досега според сознанијата на црниот пазар се појавувале 20 и 50 евра.

Банката застана во одбрана на банкнотата од 500 евра, што е една од највредните поединечни банкноти во светот, отфрлувајки ги сугестиите дека со нејзиното постоење би можело да се потикне обемот на црниот пазар.
ЕЦБ објави дека бројката на фалсификувани евробанкноти пораснал во втората половина на минатата година за 11,4 насто, во однос на првите шест месеци од 2013-та.
Мирјана Василева