Винскиот туризам - нов предизвик!
Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија со годишен раст на инвестициите во туризмот од 10% се рангира како 7-ма на светската листа...
Македонија сака да изгради имиџ на посакувана европска туристичка дестинација базирана на културното и природното наследство со препознатливи производи и услуги со одржлив и висок квалитет. Преку стимулативни мерки, субвенции и даночни погодности бројот на странски туристи во земјава во последниве 8 години е зголемен за 98%. Девизниот прилив постојано расте и лани надмина 136 милиони долари.
Винскиот туризам е нов предизвик и шанса за сите земји од регионот. Македонија со годишен раст на инвестициите во туризмот од 10% се рангира како 7-ма на светската листа.
„Учеството на туризмот во БДП во 2013-та и 2014-та е 2,3%, а целта и визијата на нашата државна стратегија е да ја достигнеме бројката од 5 насто до 2020 година“, изјави минисерот за економија, Беким Незири.
Годинава девизниот прилив расте со стапка од 18,5%. Идниот развој ќе ги афирмира нашите компаративни предности во еко туризмот, културниот, езерскиот, зимскиот и особено во винскиот туризам. Од Светската туристичка организација велат дека Македонија се вбројува меѓу најбрзо растечките туристички економии и препорачуваат заеднички регионални иницијативи.
„Балканот има речиси неспоредлив регистар на вина што е вистински потенцијал за развој на винскиот туризам“, изјави Кристофер Ибзен, заменик директор во Светска туристичка организација.
„Две работи се битни за развој на винскиот туризам, инфраструктурата и содржината, а вие како земја ги имате и двете“, нагласува Пенелопе Дену, директор на Европскиот институт за културни патишта.
Дводневната регионална конференција за вински туризам што се одржува во Скопје треба да овозможи нови партнерства меѓу туристичкиот и винскиот сектор.
Овој вид туризам почнува да се развива кај нас во 2005-та година, кога е формирана и Фондацијата „Тиквешки вински пат“.
Свето Николовски
