100 години од битката кај Галиполе

24.04.2015 16:32

Роднини на ветераните од една од најсмртоносните кампањи од Првата светска војна им оддадоа почит на загинатите...

Стогодишнина од битката кај Галиполе се одбележува во Турција. Роднини на ветераните од една од најсмртоносните кампањи од Првата светска војна им оддадоа почит на загинатите.

На церемонијата присуствуваа лидерите од Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и од Турција, земји кои имаат изгубено стотици илјади војници во Галиполе.