Продажба на државно земјоделско земјиште
Од 210 илјади хектари државно земјоделско земјиште годинава за продажба се нудат 260

Предложени за продажба првите 260 хектари државни парцели за 2014 година . Доколку има интерес земјоделските површини ќе се објават за купување.
Од 210 илјади хектари државно земјоделско земјиште годинава за продажба се нудат 260.
Парцелите се во 22 општини со големина од неколку декари до 13 хектари.
Заинтересираните земјоделци прво треба да поднесат иницијатива за купување по што ќе следи оглас за доставување на понудите.
Парцелите ќе се продаваат на јавен оглас со електронско јавно наддавање.
Максимум земјиште што може да купи едно физичко или правно лице е 20 проценти од вкупната површина што се продава годинава.
Овие површини се без договор за закуп и нема барател со предност на купување.
Методија Трајков
