Состанок за брз транспорт од Пиреја до Централна Европа преку Македонија
27.04.2015 08:48
На состанокот ќе присуствуваат претставници од двете компании и стопанските комори, а најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски...
„Македонски железници“ и „Коско“ С.А. од Грција денеска во Скопје ќе одржат заеднички состанок на кој ќе ги разгледаат можностите за создавање на патни и железнички мрежи од пристаништето Пиреа до Централна Европа преку територијата на Македонија.
На состанокот ќе присуствуваат претставници од двете компании и стопанските комори, а најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани и логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни патишта од и за Европа.
