3.300 настрадани во земјотресот во Непал

27.04.2015 10:53

Во Катманду којшто е и најпогоден почнаа да пристигнуваат меѓународни спасувачки тимови како и хуманитарна помош за погодените...

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во саботата го погоди Непал се искачи на 3.300 лица. Во Катманду којшто е и најпогоден почнаа да пристигнуваат меѓународни спасувачки тимови како и хуманитарна помош за погодените.

Во официјалното соопштение на властите се наведува дека само во Непал животот го загубиле 3.218 луѓе, а околу 90 во соседните земји, од кои 67 во Индија и 20 во Кина.

„Овде сум во последните три дена. Минатата ноќ врнеше. Ужасно е за сите, најмногу за децата. Ги повикавме властите на помош. Рекоа дека доаѓаат, но никој не се појави“, велат жители на Катманду.

Главниот град е под урнатини, а десетици илјади граѓани ја минале ноќта во импровизирани шатори.

Речиси 6.000 луѓе беа повредени во земјотресот кој е најлошиот земјотрес што ја погодил таа сиромашна јужноазиска земја во последните 80 години.