115 години јубилеј - Ристо Крле
Во Струга беа одбележани 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на еден од првенците во Македонската драматургија, Ристо Крле. По овој повод во Струга беше промовирана и книгата 105 години драмски живот во Струга, а настапи и Македонскиот Народен Театар со претставата на Ристо Крле, „Парите се отепувачка“. Промотор на книгата беше режисерот и поранешен директор на МНТ, Сашо Миленкоски...

Ристо Крле се смета за еден од првенците и најуспешни драматурзи во Македонија. По повод 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на овој драматург во Струга со промоција на книга и изведба на самата претстава од страна на Македонскиот Народен Театар, стружани се потсетија на оваа драма кој и денес е се уште актуелна.
„Го чествуваме нашиот сограѓанин кој што е еден од првенците во Македонската драматургија чии што дела како ракопис, естетика и филозофија која што е обработува се актуелни и денес“, вели драматургот, Кристина Тодороска Петреска.
За поранешниот директор на МНТ, режисерот Миленковски кој инаку е промотор на книгата “105 години организиран театарски живот во Струга” забележувањата на мемориите на театарот во книга, само по себе претставува еден вид историја.
„Театарот е танатичен, живее во меморијата на гледачите и со нивната конечна смрт, одумира. Но, кога ќе се забележат мемориите театарски во книга, таа веќе станива нешто друго, станува историја“, изјави режисерот и поранешен директор на МНТ, Сашо Миленковски.
105 години театарски живот во Струга според режисерот Миладинов, да се собере во неколку страници е навистина тешка работа, но она што ќе остане за идните генерации е најголемото богатство.
„Сиот тој материјал многу тешко беше да се собере во неколку страници што се издадоа, но сепак се направи напор да остане во историјата забележано дека во Струга од 1908 па се до денес во Струга се уште се работи активно на драмскиот аматеризам“, изјави режисерот од Струга, Ристо Миладинов.
Цел еден век стружани живеат со театарот. Пишаниот збор тука во градот на поезијата не само што останува запишан и врежан во некоја книга, туку тој истиот често знае да блесне и на штиците кои живот значат. Аматерското студио „Миладин“ од Струга пред стружани секој година се претставува со неколку премиери како за возрасните така и за најмладата публика.
Јованчо Наумоски
