Насилни протести во Балтимор
27.04.2015 11:30
Во судирите се уаспени 34 лица, а шестмина полицајци се повредени...

Насилни протести се случиле во Балтимор за време на викендот откако во притвор почина млад афроамериканец. Во текот на вечерта и во неделата утрото демонстрациите преминале во судири меѓу помали групи граѓани и полицијата.
Во судирите се уаспени 34 лица, а шестмина полицајци се повредени. Градоначалникот на Балтимор ги повика луѓето да го почитуваат редот и мирот.
Ова е последниот случај во последните неколку месеци поврзан со смртта на еден афроамериканец од рацете на американската полиција.
