Тел Авив: Спречен напад на границата на Израел
27.04.2015 13:42
Израелски воен портпарол во кусо соопштение истакнал дека воздухопловните сили спречиле напад на израелската граница...

Четворца милитанти загинале во израелски водушен напад додека подметнувале бомба во близина на границата меѓу Израел и Сирија. Израелски воен портпарол во кусо соопштение истакнал дека воздухопловните сили спречиле напад на израелската граница.
Напнатоста кај голанската висорамнина е зголемена во време додека трае граѓанската војна во Сирија во последните 4 години.
Израел ја освои во војната во 1967 година и подоцна ја анектираше што никогаш не беше признаено од меѓународната заедница.
