Пет милијарди луѓе немаат пристап до сигурна операција

27.04.2015 13:52

Две третини од светското население нема пристап до сигурни операции, покажала новата студија во стручниот магазин „The Lancetu“. Тоа е двојно повеќе од поранешниот процент, пренесува BBC...

Тоа значи дека милиони луѓе умираат поради состојби кои се решаваат со операции како на пример воспаление на слепо црево и некои компликации при породување. Повеќето од нив живеат во земјите со мали и средни примања. Студијата покажа дека 93% од суб-Сахарска Африка не може да добие основна хуруршка помош. Поранешните проценки се однесуваат само на тоа дали хирургијата е воопшто достапна. Меѓутоа сега студијата ги отвори прашањата дали луѓето можат да стигнат до болницата за 2 часа, дали е сигурна процедурата и дали пациентот може да си дозволи операција.

Еден од авторите на студијата, директор на Кралскиот центар за глобално здравје Енди Летер изјавил дека ситуацијата е многу лоша. „Луѓето умираат или живеат со инвалидитет, а тоа би можело да се избегне ако има добра и достапна хируршка услуга. Освен тоа се повеќе луѓе тонат во сиромаштија обидувајќи се да добијат хируршка услуга“, изјавил тој.

Дваесет и пет стручњаци истражувале една и пол година, собирајќи докази од вработени и пациенти од стотина земји. Стручњаците изјавиле дека една третина од смртните случаи во 2010 биле состојби што можеле да се спречат со операции. Тоа е повеќе од смртните случаи од ХИВ-СИДА ,туберкулоза и маларија заедно.

Соња Стојановска