„Спанаќ со пржени компири“ во среда премиерно во Велешкиот театар
Претставата зборува за страста преку животите на тројца фудбалски судии. Очекувањата се преставата за која се откупени авторските права за текстот да има долг век на големата сцена од новата театарска зграда..

„Спанаќ со пржени компири“ по текст на Золтан Егреши, а во режија на Ненад Витанов во среда премиерно ќе биде прикажана на сцената во велешкиот театар. Темата на преставата е страста кон животот, љубовта, семеството, спротивниот пол. И сето тоа прикажано преку згодите и незгодите на тројца фудбалски судии.
Во претставата настапуваат тројца актери. Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски од велешкиот и гостинот, Владимир Тулиев од штипскиот театар.
„Спанаќ со пржени компири“ е прва премиера од овогодинешната програма на театарот.
Дијана Иванова
