Црвена звезда на победа до титулата
И Будуќност имаше вакво водство, но Цедевита е таа што обезбеди трето клупско финале и учество во Евролигата...

Кога за пехарот се потребни три победи, 2:0 е голема предност, но тоа не значи дека кошаркарите на Црвена звезда веќе можат да се радуваат на првата АБА титула. И Будуќност имаше вакво водство, но Цедевита е таа што обезбеди трето клупско финале и учество во Евролигата.
Црвено - белите се задоволни од двете домашни победи, потенцираат дека до нив дојдоа без повредениот Цирбес и со мала помош на болниот Јовиќ, па затоа се претпазливи пред гостувањата во Загреб. Тренерот Радоњиќ потенцира дека неговите кошаркари мора да ги исправат грешките од завршниците на дуелите во Пионир, очекува голема борба , но и барем една победа во „Домот на спортовите“. вролигашкиот МВП, Марајановиќ вели дека кошаркари на Цедевита не се наивни и затоа не посакува мајсторка иако би се играла во Белград.
Во хрватскиот првак велат дека ги научиле лекциите, дека премногу ја респектирале Црвена звезда и затоа се довеле во ситуација да бркаат големи негативи. Тренерот Репеша смета дека неговата екипа ќе мора да го контролира скокот и да го сопре Митровиќ, додека плејмејкерот Гордиќ е сигурен дека Цедевита има шанси, но не смее да размислува на израмнување, туку само на првиот следен дуел којшто ќе се одигра в среда во 20.30 со пренос на МРТ Собранискиот сервис.
