Ракомет - полуфинале Куп на Македонија

Фортуната против Зомимак

27.04.2015 17:38

Во другиот меч на куп - завршницата ќе се соочат Металург и Пролет...

Сите сакаа да го избегнат Вардар, но некој мораше да игра со него во полуфиналето на Купот на Македонија, па најнесреќни по денешното извлекување се ракометарите на Зомимак.

Во другиот меч на куп - завршницата ќе се соочат Металург и Пролет.

Од 2006-та само црвено - црните и металурците го освојуваа пехарот којшто го брани рекордерот со девет трофеи, Вардар. Металург има пет исто колку и Пелистер.

Финалниот турнир ќе се одигра на 16-ти и на 17-ти мај во СРЦ Јане Сандански во Скопје со преноси на Македонската телевизија.