Изгаснат пожарот во Рамстор
14.01.2014 11:00
Изгаснат е пожарот во ресторан на вториот спрат во трговскиот центар Рамстор, во Скопје
Изгаснат е пожарот во ресторан на вториот спрат во трговскиот центар Рамстор, во Скопје. Причина за пожарот било опожарувањето на скара во угостителки објект. Како што информираше Благоја Менковски - командант на противпожарната бригада Скопје, пожарникарите интервенирале со 6 возила од кои две од станицата во Карпош, и со уште четири од Автокоманда. Менковски вели дека за еден час трговскиот повторно ке биде отворен за посетителите.
