Мотивирачко дерби
Дербито меѓу Вардар и Работнички ќе го формира скалилото на шесте екипи учеснички во битките за титулата и излез во Европа. Натпреварот меѓу Хоризонт и Шкендија решава за првенствената програма на четирите екипи...

Денеска ќе се одиграат преостанатите два натпревара од 27-то коло во Првата лига со што ќе се финализира редоследот на табелата во пресрет на завршното првенствено доигрување.
Дербито меѓу Вардар и Работнички ќе го формира скалилото на шесте екипи учеснички во битките за титулата и излез во Европа. Натпреварот меѓу Хоризонт и Шкендија решава за првенствената програма на четирите екипи, кои го сочинуваат „плеј-аутот“.Долгогодишното ривалство и натпреварувачкиот момент се мотивирачки за денешното 49-то скопско дерби.
Вардар, доколку денеска не загуби во завршните натпревари ќе стартува од лидерската позиција. Работнички, само со победа може да го престигне Вардар и со предност да влезе во одбрана на титулата.
Прва лига: 27 коло
16.00 Хоризонт-Шкендија
18.00 Вардар-Работнички
Табела:
1.Вардар 58
2.Работнички 55
3.Шкендија 44
4.Ренова 44
5.Силекс 34
6.Металург 33
7.Хоризонт 30
8.Брегалница 30
9.Пелистер 23
10.Тетекс 11
