Експлозија во Каиро во пресрет на референдумот
Во Каиро изутрината во близина на зградата на судот одекнала силна експлозија, на само неколку часа пред почетокот на дводневниот референдум за новиот устав. Засега нема информации за жртви. Аналитичарите го оценуваат референдумот како тест за популарноста на началникот на генералштабот Абдел Фатах ал Сиси, кого што го гледаат како наследник на соборениот претседател Морси.
Во Каиро изутрината во близина на зградата на судот одекнала силна експлозија, на само неколку часа пред почетокот на дводневниот референдум за новиот устав. Засега нема информации за жртви. Аналитичарите го оценуваат референдумот како тест за популарноста на началникот на генералштабот Абдел Фатах ал Сиси, кого што го гледаат како наследник на соборениот претседател Морси. Новиот устав ќе го замени уставниот акт што го потпиша Морси пред повеќе од една година и којшто претходно беше соборен на референдум.
Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Зариф рече дека ќе зажалат сите оние коишто ќе се обидат да го спречат Иран да учествува во мировните преговори за Сирија, на 22 јануари во Швајцарија, откако минатата недела генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун испрати покани до претставниците на 30 земји, но не и на Иран, којашто го поддржува режимот на претседателот на Сирија, Асад. Според Зариф, сириската криза мора да ја реши самиот сириски народ, а другите страни може да помогнат да се најде политичко решение.
Илјадници анти-владини демонстранти се разбудија на улиците на Бангкок по првата ноќ откако зазедоа повеќе крстосници во градот, како дел од нивниот план да го парализираат 12-милионскиот град. Расположението на луѓето било празнично, луѓето пееле и играле на улиците, притоа барајќи оставка од премиерката Шинаватра.
„Оставка е единствениот начин. Тоа е решението за народот. Мора да го слуѓаме поголемиот број луѓе“. - изјави демонстрант
Премиерката Шинаватра ги повика лидерите на протестот и политичките партии на средба в среда, на 15 јануари, за да разговараат за предлогот на Изборната Комисија за одложување на претстојните избори.
Најмалку 22 лице загинаа, а околу 200 000 беа принудени да ги напуштат домовите на југоистокот на Филипините поради поплавите предизвикани од силните дождови. Поголемиот број од жртвите загинале во привремени објекти во коишто живееле по минатогодишниот силен тајфун што ја погоди земјата, во којшто загинаа речиси 2 000 луѓе.
Марина Автовска
