По нападот во Зворник, вонредна седница на владата на БиХ
28.04.2015 12:08
24- годишниот Нердин Ибриќ, кој го изврши нападот, во престрелката со полицијата беше застрелан...

Вонредна седница на владата на Босна и Херцеговина по вчерашниот смртоносен напад на полициска станица во Зворник, при што беше убиен еден полицаец, а двајца беа повредени.
24- годишниот Нердин Ибриќ, кој го изврши нападот, во престрелката со полицијата беше застрелан. Според локалните медиуми, нападот го извршил припадник на вахабистичкото движење.
Претседателката на владата го осуди терористичкиот напад и ги повика граѓаните да бидат толерантни и смирени.
