Русија и врати на Бугарија 54 пратки со јаболки
Не бил дозволен увоз на стока со бугарски докумети за реекспорт, кои биле издадени врз основа на фалсификувани сертификати за потекло од држави кои не се под руски санкции: Кина, Бразил и Македонија...

Руската служба за ветеринарски и фитосанитарен надзор- Роселхознадзор и врати на Бугарија 54 пратки со јаболки со вкупна тежина од над илјада тони.
Не бил дозволен увоз на стока со бугарски докумети за реекспорт, кои биле издадени врз основа на фалсификувани сертификати за потекло од држави кои не се под руски санкции: Кина, Бразил и Македонија, се наведува во соопштението на Роселхознадзор.
Претходно на 24 април, поради многубројни случаи на фалсификувани документи, руската служба забрани реекспорт на растиелни производи од Бугарија, а се размислува ваква мерка, која би го вклучила и цвеќето, да биде воведена и кон ЕУ.
