Бруклин “егал“ со Атланта, Милвоки и Портланд на се предаваат

28.04.2015 13:24

Домашните победија дури по продолжението од 5 минути, благодарение на Дерон Вилијамс кој постигна 25 поени, 5 скокови и 7 асистенции. Освојувачот на две олимписки злата ја одигра најдобрата “плеј оф“ партијапо мизерниот настап во претходните два меча кога погоди само двапати од 15 обиди...

Кошаркарите на Бруклин по вторпат ја совладаа Атланта со 120 : 115 и израмнија во серијата на 2 : 2. Домашните победија дури по продолжението од 5 минути, благодарение на Дерон Вилијамс кој постигна 25 поени, 5 скокови и 7 асистенции. Освојувачот на две олимписки злата ја одигра најдобрата “плеј оф“ партијапо мизерниот настап во претходните два меча кога погоди само двапати од 15 обиди. Одличен беше и Брук Лопез со 26 поени и 10 скокови, а кај “јастребите“ Перо Антиќ одигра 17 минути и постигна две тројки од 3 обиди и оствари 4 скокови. Во петттиот меч Атланта е домаќин.

Чикаго ги доби првите три дуела против Милвоки, но “елените“ покажаа дека имаат рогови да им се спротивстават на “биковите“ и по вторпат се извлекоа од елиминација, овојпат со победата нагости од 94 : 88. Картер Вилијамс со 22 поена, 8 скокови и 9 асистенции и Мидлтон со 21 поен беа предводници во новиот успех на Милвоки, кој ја врати серијата на свој терен во шестиот меч. Гасол беше на ниво со 25 поени и 10 скокови, но потфрли Роуз со 13 поени и сите 7 промашувања за тројка. Се разбуди и Портланд со победата над Мемфис од 99 : 92. Иако имаа негатива од10 поени, предводени од Дамиен Лилард со 32 поена и 7 асистенции домашните се изборија за намалување на 3 : 1 и прекин на лошата серија сезонава од седум порази. Во тимската игра Олдриџ, Батум и Ленард имаа “дабл дабл“ додека кај гостите најдобар Марк Гасол со 21 поен, 7 скокови и 6 асистенции.