Бостон и натаму тоне

14.01.2014 11:54

Победата е вистинска енигма за кошаркарите на Бостон. Ноќеска деветти пораз во серија за нив во НБА лигата. Овој пат на домашен паркет од Хјустон со 104-92. Двајт Хауард беше незапирлив со 32 поена и 11 скока, а Лин и Харден завршија со по 16 коша. Агонијата на Бостон не ја спречија ниту 24-те поени на Бредли.

Сан Антонио триумфираше во Њу Орлеанс со 101-95 и со 30 успеси на 38 меча сезонава го потврди првото место во западната конференција. На истокот води Индијана пред шампионот Мајами и Торонто, кој ноќеска се радуваше пред своја публика против Милвоки со 116-94. Во победнички ритам остана и Њујорк по дуелот со Феникс во „Гарден“. Кармело Ентони придонесе со 29 поени за петтиот триумф едноподруго за „Никс“.

На другите средби, Вашингтон славеше во Чикаго со 102-88, а поддршката на своите навивачи ја искористија Далас и Јута. Далас против Орландо со 107-88, а Јута против Денвер со 118-103.