Ракомет

Најдоброто во светот против најдоброто од Македонија

28.04.2015 14:09

И не може да биде поинаку кога на гости во Скопје доаѓа најдобрата репрезентација на светот и на векот, единствената селекција што на два пати ги обединила титулите што нешто значат во ракометот, олимписката, европската и светската и тоа само два месеца откако по 5-ти пат ја покорија планетата земја...

Можеби е само квалификациски натпревар кој нема да го реши пласманот на ниту една од двете репрезентации на европското првенство во Полска идната година,но е атрактивен,несекојдневен. И не може да биде поинаку кога на гости во Скопје доаѓа најдобрата репрезентација на светот и на векот, единствената селекција што на два пати ги обединила титулите што нешто значат во ракометот, олимписката, европската и светската и тоа само два месеца откако по 5-ти пат ја покорија планетата земја.

Доаѓаат сите,најдобрите,предводени од легендарниот Омејер и оние што се на пат да станат тоа,браќата Карабатиќ,Акамбре,Нарцис,Бараше,Порт,Сораиндо и летечките Абало,Жоли и Гигу.

Предизвик сам по себе,без да се размислува на резултатот,противник што инспирира да се даде најдоброто од себе:

Според Филип Миркуловски, Македонија нема што да загуби,пласманот на европското ќе се решава во јунските мечево со Швајцарија и Чешка,па против Франција треба да се одигра најдобро што се може,особено што се игра пред домашната публика.

Македонскиот селектор избра 16-ет да и се спротивстават на моќната Франција,не е се идеално ,но ќе мора да се стиснат заби:

„Дел од ракометарите викендот имаа натпревари,уморни се,затоа и не трениравме максимално на првиот тренинг.Се подготвувавме за играта во одбррана,Велко се пожали на повреда на тетивата,Мојсовски на болка во рамото на шутерската рака,но се надевам ќе стиснат заби и дека ќе немаме дополнителни компликации“-изјави селекторот Ивица Обрван.

За натпреварот меѓу Македонија и Франција од квалификациите за европското во Полска што ќе биде одигран утре во спортскиот центар Борис Трајковски билети има уште малку,но за сите што нема да бидат таму, Македонската телевизија обезбеди пренос од 20 часот и 10 минути.