Мичурински средби
Со благослов мичуринци ја испратија старата , а ја пречека Новата година по јулијанскиот календар.
По 18-ти пат мичуринци ја одржуваат традиционалната Мичуринска сердба за Василица.
Започнаа со палењето на огнот, со песна и со оро. Стариот кум ја делеше благословената погача со златна паричка. 21 кандидат за нов кум. Најсреќниот беше Маноли Џингов, роден мичуринец кој долги години живее и работи во Франција. Дошол специјално за Мичуринските средби.

-Ви го честитам овој голем ден, оваа средба,што ја праавите веќе 18 години, а јас првпат учествувам. Сакам да ви ја честитам и да ни биде долга оваа традиција и да остане вечна, порача Маноли Џингов – Прки – новиот кум
Вечерашната средба , повод на едно место, еднаш во годината да се видат старите пријатели.
-Многу убаво, многу дружење, сакање, иднина, многу ме радува тоа . Народот да се зближува, да се сака, вели староседелец - мичуринец
Паричката носи радост и бериќет, но најбитна е дружбата, вели стариот кум.
-18 години да се одржува една ваква манифестација е за поздрав. Навистина толку народ , масовност , дружење , вели Зоран Џорлев – стариот кум
Каде има оган таму има и ризик , велат младите од противпожарното одделение на општина Аеродром.
-Ние делиме флаерчиња за да ги едуцираме граѓаните да се заштитат од пожар, вели член на противпожарно одделение во населба Аеродром
Со неколкуминутен огномет беше означен почетокот на Новата година.
Автор:Наташа Гркова-Петрушевска