МЗТ и Работнички очекувано, Кожув остана во трка за полуфинале
Самарџиски беше најдобар стрелец кај шампионот со 17 поени, а најефикасен на мечот Кристофер од Соколи со 18...

А на кошаркарските терени во забрзан ритам се одработува пропуштеното во Суперлигата. Во четвртото коло куриозитет се двата идентични резултата на скопските натпревари. МЗТ го совлада тимот на Соколи со 91-84 и остана осамен на првото место на табелата.
Самарџиски беше најдобар стрелец кај шампионот со 17 поени, а најефикасен на мечот Кристофер од Соколи со 18. Во битката за второто место Работнички се радуваше над Куманово исто така со 91-84, а Кожув забележа значаен триумф кај Фени со 79-74.
Богоев со 17 поени го предводеше гевгелискиот состав којшто остана во игра за пласман во полуфиналето, иако и натаму е на последното, шесто место. Петмина кошаркари на Фени имаа двоцифрен број поени, а најмногу – 16 даде Враговиќ.
